(Фото) Ахмети и Груби на консултации преку интернет: Што правиш? – Еве, пушам цигара

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Го прашав: Што правиш? Тој ми вели: Пушам цигара.“

Вака потпретседателот на ДУИ и Прв вицепремиер Артан Груби ја објасни сликата што ја објави од партискиот лидер Али Ахмети, за која вели дека е од консултациите кои тие ги одржуваат вечерва преку интернет.

На земјата ѝ требаат стабилност, безбедност, конзистентност, предвидливост, како и продолжување по европскиот и пореформскиот пат, коридор 8 со автопат од Блаце до Ќафасан, гасификација, дигитализација, пруга до Драч, менаџирање со отпадот, со водите, Шар Планина национален парк, нови работни места, економски развој и исполнување на очекувањата на граѓаните – напиша Груби.

Тој додава дека јавната служба е благослов и дека да им се служи на граѓаните е чест и одговорност.

Какво наследство ќе оставиме за нашите граѓани и за нашите деца, какви траги ќе оставиме зад нас, за што ќе се зборува откако ќе си заминеме, ова се прашањата што треба да ги знаеме пред да почнеме со јавната служба. Во секој процес, но најмногу во животот, мислата не треба да биде почетокот, туку крајот. Заедно засекогаш – додава Груби во објавата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This