дома Македонија АХМЕТИ И ЗАЕВ ИМАА СРЕДБА ВО СОБРАНИЕ: Проширување на парламентарното мнозинство

АХМЕТИ И ЗАЕВ ИМАА СРЕДБА ВО СОБРАНИЕ: Проширување на парламентарното мнозинство

Коалициските партнери, Зоран Заев и Али Ахмети денеска имаа средба во Собранието на која што разговарале за проширувањето на парламентарното мнозинство, потврдуваат партиски извори, без да кажат детали за разговорите.

Според неофицијалните информации, Заев го информирал Ахмети за досегашните средби со партиите кои сакаат да бидат дел од владата.

Средбата уште вчера ја најави и Заев, кој, одговарајќи на новинарско прашање за преговорите за проширување на владината коалиција, кажа дека се допрецизираат разговорите со Турската демократска партија (ТДП) за влез во коалицијата, и оти во таа насока се размислува за БЕСА и тоа на двете нејзини крила. За разговори со коалицискиот партнер Ахмети, заев изјави дека ќе се види со него на паузите од собраниската седница за пратенички прашања.