дома Македонија АХМЕТИ НЕ УБЕДУВА: Законот за јазици е во корист на земјата, и...

АХМЕТИ НЕ УБЕДУВА: Законот за јазици е во корист на земјата, и не влијае на Македонскиот јазик

Законот за јазиците е во корист на земјата и во никој случај не влијае врз македонскиот јазик, истакнал претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети на денешната средба со амбасадорот на Германија во Македонија Томас Герберих на која се разменети мислења и за политичката состојба во државава, активностите во Собранието, спорот со името како и интеграцијата во НАТО и ЕУ, соопшти ДУИ.

Според Ахмети, претседателот Ѓорѓе Иванов и опозицијата треба да запрат со пропагандата за дневно-политички цели, како и да го дадат својот придонес во заокружувањето на нормативниот дел на Охридскиот договор.

Во врска со проширувањето на парламентарното мнозинство, според соопштението, Ахмети рекол дека се уште не се почнати разговори со премиерот со кого треба да се сретне денеска, но оти првично ќе бидат разгледани политичките и идеолошките определби на аспирантите да се приклучат на парламентарното мнозинство.

– И пред германскиот амбасадор, Ахмети ги подвлече очекувањата за добивање на целосна препорака за почеток на преговорите со Европската Унија на 17-ти април, заблагодарувајќи се на канцеларката Меркел за поддршката за надминување на проблемот со името со Грција како најголема пречка во нашиот пат кон НАТО и ЕУ, се наведува во соопштението.