Ахмети: Охридскиот договор е зад нас, вртиме нова страница

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, на вечерашниот митинг во Кичево, ги повика граѓаните да му ја дадат довербата на Фатмир Дехари за трет мандат, бидејќи, како што рече, тој бил градоначалник за сите.

-Зад нас е времето на Охридскиот договор. Ние сега вртиме нова страница за зелено Кичево, за чист и развиен град, град на интелектуалци. Нашиот кандидат Фатмир Дехари низ овие осум години потврди дека бил градоначалник за сите во оваа општина и во тој правец нека потврди и проектот за изградба на капела кај православните гробишта во Кичево – рече Ахмети од Кичево.

Дехари, пак, најави забрзан развој на Кичево, со цел, како што рече, да стане град без понатамошно иселување.

-Кога во 2013 година дојде до трансфер на власта, постоеше одредена резерва кај многумина како понатаму ќе функционира оваа општина и градот Кичево. Но, и сами можете да бидете сведоци каков препород доживеа градот во изминатите осум години – рече Дехари.

Тој повика дел од дијаспората да се врати назад во Кичево, а младината да остане тука.

-Со неговите ресурси и богатство Кичево ќе инспирира и враќање на граѓаните од дијаспората да инвестираат во татковината и да го направат Кичево атрактивно место во сите правци. Столбот на општеството, напредокот, сплотени рамо до рамо, кичевска младино ве повикувам да бидете составен дел од градот кон нашата заедничка трансформација – порача Дехари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This