Ахмети: Пред една година ја фрлив „бomбата“ за албанскиот премиер, а потоа и втората бomба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Демократската Унија за Интеграција денеска ја продолжи изборната кампања со собирот во општина Сарај, каде побара поддршка за реизборот на Блерим Беџети како градоначалник на оваа општина и поддршка за листите на кандидати за советници во општина Сарај и Град Скопје.

Претседателот на ДУИ, Ахмети во својот говор изрази максимална поддршка за Блерим Беџети, листите за советници предводени од Ардијан МуЧа за Град Скопје и Мухамед Рамадани за општина Сарај. Ахмети, меѓу другото, ја образложи важноста на зелената агенда што ја пласираше ДУИ.

„Ние се движиме кон визиите, кон иднината што ја подготвивме и се разбира, пред една година ја фрлив ‘бомбата’ за албанскиот премиер, па потоа втората ‘бомба’ за зелената агенда. Ова е добро изработен и проучен проект, таа е агендата на времето. Оваа земја мора да се изгради и ова е земјата што ќе ја оставиме како наследство на нашите потомци, но напредна и достоинствена и јас сум многу сигурен дека како што ја направивме членка на НАТО, така наскоро ќе се направиме и членка на Европската унија“ – кажа меѓу другите лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This