Ахмети пoбapaл oд Палмер мaкcимaлeн aнгaжмaн нa САД зa спopoт Скопје-Софија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На средбата во Охрид, Ахмети и Палмер дискутирале и за прашањето помеѓу Белград и Приштина и потребата за брзо решавање на овој спор.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети побарал максимален ангажман на САД во однос на спорот меѓу Скопје и Софија, на денешната средба во Охрид со Метју Палмер, заменик-помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија.

„Спорот меѓу Македонија и Бугарија беше тема на разговор меѓу Ахмети и Палмер, во духот на продолжувањето на соработката и доброто партнерство со меѓународните пријатели, додека Ахмети побара максимален ангажман на Соединетите Американски Држави во решавањето на овoj грч на патот кон интеграцијата на земјата во Европската Унија. Ахмети исто така разговараше со Палмер околу случувањата во Македонија и условите за отпочнување на разговорите со Европската Унија“, соопштија од ДУИ.

На средбата, Ахмети и Палмер дискутираа и за прашањето помеѓу Белград и Приштина и потребата за брзо решавање на овој спор, кој ќе стави крај на замрзнатите односи и ќе овозможи стабилност за целиот регион.

„Американскиот дипломат, исто така, на маргините на овој форум, испрати порака до лидерите од земјата и од регионот да преземат вистински активности, да продолжат со тешките реформи, да работат на конструктивен начин за решавање на тешките политички прашања, да ги зајакнат мултиетничките, демократските и судските институции и да тргнат кон иднина со повеќе просперитет“, наведува ДУИ во соопштението.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This