дома Актуелно АХМЕТИ СИ ЗАМИНУВА ОД ЛИДЕРСКАТА ПОЗИЦИЈА: Бујар Османи или Артан Груби се...

АХМЕТИ СИ ЗАМИНУВА ОД ЛИДЕРСКАТА ПОЗИЦИЈА: Бујар Османи или Артан Груби се токмат за лидерската позиција на Мала Речица?

Во текст на дневниот весник „Вечер“ се потврди информацијата која ја објави Инфомакс уште минатата година во декември, дека на Али Ахмети му се спрема разрешување од лидерската позиција во ДУИ, а неговото место најверојатно ќе го завземе Бујар Османи или Артан Груби. Втора опција е пак, еден од овие двајца да формира нова политичка партија

Извори кои се добри познавачи на политичките прилики во албанскиот блок, коментираат дека обвинението против Ахмети не е случајно, и оти следен чекор би бил изборот на нов лидер на Демократската унија за интеграција. Се шпекулира дека со Ахмети, комплетно би се сменила и целата екипа од актуелното раководство на партијата на интегративците – пренесува „Вечер“.

Според „Вечер“ првото обвинение на СЈО против ДУИ, поточно за претседателот на партијата Али Ахмети, по потврдува сомнежот за негова евентуална смена од лидерската позиција. Од весникот цитираат извори од познавачки на приликите во албанскиот политички блок, кои коментираат дека обвинението против Ахмети не е случајно, и дека следи избор на нов лидер на ДУИ. Со смената на Ахмети целосно би се сменила и раководната структура на партијата.

„Првото обвинение кој специјалното јавно обвинителство го покрена против првиот интегративец Али Ахмети, го отвора сомнежот за негова евентуална смена од лидерската позиција. Извори кои се добри познавачи на политичките прилики во албанскиот блок, коментираат дека обвинението против Ахмети не е случајно, и оти следен чекор би бил изборот на нов лидер на Демократската унија за интеграција. Се шпекулира дека со Ахмети, комплетно би се сменила и целата екипа од актуелното раководство на партијата на интегративците.“ – стои во текстот.

Нема информација дали внатрепартиските сосотојби биле на дневен ред на шестчасовната средба која се одржа неодамна во Мала Речица. Единствената информација која излезе по состанокот во седиштето на ДУИ е дека членовите на партијата давале отчет пред претседателот за сработеното во институциите досега, но и за тоа што треба да се сработи во периодот што следи.
Вицепремиерот Бујар Османи, кој е и задолжен за пренесување на ставовите на партијата, по состанокот негираше дека на средбата се зборувало за можни кадровски промени или нови имиња за министри или други функционери во актуелната Влада, по најавената реконструкција.

Токму Османи, кој во моментов е вицепремиер за европски прашања во политичките кругови се споменува како можен наследник на Ахмети, кој би застанал на чело на партијата. Се шпекулира дека по покренатата истрага за Ахмети, на чело на партијата би можел да застане и Артан Груби, кој важи за еден од најблиските соработници на Ахмети.

Претседателот на ДУИ Али Ахмети во врска со случајот “Попис”, кој го обелодени Специјалното јавно обвинителство, а во кој се осомничени тој и неговиот поранешен коалиционен партнер Никола Груевски рече дека одлуката за прекинување на пописот во 2011 година ја донело Собранието.

– Обвинението е испратено на погрешна адреса. Јас не сум виновен, тоа е одлука на Собранието, потенцира Ахмети.

СЈО минатата недела објави дека води истрага под името „Попис” против Никола Груевски и Али Ахмети, кои се осомничени дека во октомври 2011, искористувајќи ги своите овластувања како претседатели на политички партии се договориле да го стопираат пописот на населението и да ги сокријат неповолните факти за демографската структура на населението. Со тоа, како што тврди СЈО, тие го оштетиле буџетот за околу три милиони евра.