дома Политика АХМЕТИ СИ ЗАМИНУВА ОД ЛИДЕРСКАТА ПОЗИЦИЈА ВО ДУИ: Најдоцна до јуни, Ахмети...

АХМЕТИ СИ ЗАМИНУВА ОД ЛИДЕРСКАТА ПОЗИЦИЈА ВО ДУИ: Најдоцна до јуни, Ахмети ќе се повлече од функцијата претседател на ДУИ!

Аналитичарот Даме Чкатровски тврди дека лидерот на ДУИ наскоро ќе го напушти челното место во најголемата партија на Албанците во Македонија.

Во емисијата “60 минути со Горан Момироски” на ТВ Алфа, Чкатровски кој важи за близок на влијателни структури во СДСМ вели дека Ахмети до јуни се повлекува од претседател на ДУИ.

Други неофицијални информации од ДУИ велат дека е можно Ахмети да се повлече по приемот на Македонија во НАТО во јули но и дека е можно неговото демисионирање да се случи уште во февруари идната година.

Ахмети е лидер на ДУИ од нејзиното формирање во 2002 година кога од воена формација со помош на западни советници се трансформираше во политичка партија.

Освен од 2006 до 2008 партијата постојано е во владата а Ахмети никогаш немал извршна функција туку само бил пратеник во Собранието.