АХ ТАА ЕВРОПА КОН КОЈА ТОЛКУ СЕ СТРЕМИМЕ: Модерна сегрегација, расизам и тоталитаризам – со пушки се соблекуваат муслиманките!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заврши и денешната средба помеѓу владата и дипломатско-конзуларните претставништва на Р.Македонија, и крајниот заклучок беше дека врвен дипломатски приоритет останува НАТО и ЕУ, како единствена безалтернативна опција од која ако некој во државава одлучи да размислува поинаку веднаш ќе биде ставен на листата на отстрел на соросоидните медиуми и платениците на разните фашизоидни фондови на Европските амбасади, ОБСЕ и Канцеларијата на ЕУ. Секако, секој што ќе се осмели да понуди подобра алтернатива, опција која не предизвикува уцени и закани по безбедноста на државата, тогаш може и да очекува дека ќе биде растргант  и од пит-булите на Бејли во ликот на СЈО

 francuska_policija_soblakanje

Големата „демократска“ ЕУ, која од 2001 па наваму ни држи предавања за соживот и со тоа вршејќи замена на тези од „живот“ во една заедница во наметна соживот на две спротивставени заедници, сеуште се владее од дивјачките пориви кои беа актуелни пред речиси 300 години кога Европјаните ја населуваа Америка.

Тогаш, се сечеше скалпот на Индијанците, а откако беа уништени, владееа робовладетелите кои отвараа зоолошки градини со црнци прикажувајќи ги како експонати, како животни, за подоцна тоа да прерасне во најголемата сегрегација и подем на расизмот, кој до ден денес е актуелен во САД.

Целата несреќа е во фактот што САД е можеби и мала приказна во целината „демократски“ држави од ЕУ, кон кои толку се стремиме. Да не заборавиме дека преку 10 милиони африканци се убиени од Белгискиот владетел (владетелот на Европската претстолнина) Леополд. Но, врвниот наш приоритет останува ЕУ, со своите демократски приниципи на расизам, нетолеранција, поттикнување на тероризмот, наметнување на бирократија која ќе решава за обичниот човек кој својот леб го вади од нива на 8.000 километри од седиштето во Брисел.

Секако, Русија е „лошата“ страна, недемократска, имепријалистичка која бесрамно ја шири територијата до базите на „демократската“ и „анти-империјалистичка“ квази-фашистичка организација НАТО на чие чело стои САД, со своите „мировни“ мисии, во кои Македонија е директен учесник.

Во минатото, и оние Украинци од западна Украина, Полска, Хрватска, Бугарија сметале дека сојуз со Хитлер е добар, прогресивен и чекор кој ја поттикнува „демократијата“, а денес ни криви ни должни се клекнати пред судот на народот од сите нации на светот.

Еден ден, и на нас Македонците ќе ни се суди поради активното учество во разурнувањето на Авганистан, Ирак, Либија. Поради уништувањето на стотици илјади животи, семејства, детски сништа, само затоа што ние треба да докажеме дека „за Македонија врвен приоритет е НАТО и ЕУ“, инаку тешко нас!

Како илустрација на оваа врвна определба на Македонија е и последната пракса која се шири во Европа, а тоа е „демократското“ соблекување на муслиманките кои носат традиционална облека „хиџаб“. Под закана од оружје, Француската полиција ги соблекува жените, спротивно на нивната вера, на сред плажа. Демократски, нели?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This