дома Занимливости Аца Лукас: Кога доаѓам во Скопје на настап, дома секогаш се враќам...

Аца Лукас: Кога доаѓам во Скопје на настап, дома секогаш се враќам со празни џебови

Александар Вуксановиќ познат како Аца Лукас важи за најобожаваниот и најбаран лик на естрадната сцена. Човек кој ги поседува најголемите хитови.

Кој каде и да се појави, знае да направи добра журка и атмосфера, а и да насмее, токму тој човек овој период е во Македонија.

Тој тука има турнеја, а екипата на ,,Г-Карпет,, разговараше со него пред еден од настапите, а тој во свој стил и без влакна на јазикот.

– Првиот настап во Македонија, беше многу одамна, едвај се сеќавам, бидејќи од тогаш имам дојдено илјадници пати. Прв пат настапив во дискотеката ,,Колосеум,,

– Каде и да одам јас таму кажувам дека публиката во Македонија е најдобра, ако не најдобра во првите сигурно, овде ќе ги споменам и белградската, и публиката во Сараево.

– Народот во овие краишта ја разбира музика, не дека и во другите места незнаат да се забавуваат, но овде е поразлично и со поголема енергија, вели Лукас.

– Овде како велат во Македонија, тука луѓето кога се родат прв учат да пејат, а потоа да зборуваат, несомнено најубавите журки ми се овде.

На прашањето на Миро дали Аца имал девојка од Македонија, тој одговори: Видете јас до сега имав само три жени, а инаку да сум имал девојка од Македонија, вели низ смеа Аца.

– Ќе издовјам еден факт, секогаш кога доаѓам на настап во Скопје, дома си одам со празни џепови, затоа што секогаш претстојувам во ,,Холидеј Ин,, а таму има ка зино кое работи цела вечер.

– Имам многу пријатели од Македонија кој сум ги запознал, и сме станале неразделни пријатели еден од првите е Гиза а потоа и Панки.

– Исто така не се само тие, во Македонија добро се познаваме и со многу музичари има доста добри музичари, и секако многу убави девојки, истакнува Аца.

– Немаме некоја одредена плејлиста и одредено по кој ред ке течат песните, се зависи од атмосферата и како те понесе , работиме од душа.

– Кога помислам на Македонија ме асоцираат Скопје, Охрид и Струмица најмногу, поради Горан Пандевм ја користам приликата да го поздравам мојот голем пријател.

– Доаѓајки во Македонија јас сум опуштен смирен, се чуствувам како дома кога ја минам границата. За разлика од западните земји, некако не е својствено и поспано се чувстувувам.

– Од македонските изведувачи најмногу се заљубив во музиката на Тоше Проески, а многу сакам да го слушам и Мартин Вучиќ, а од пејачките Тијана Дапчевиќ.