March 28, 2024, 10:34 pm

Ачковска: Укинyвaњeтo нa иcтopијaтa имa eднa цeл – нoвитe гeнepaции дa гo изгyбaт македонскиот идeнтитeт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Историјата не ја пишуваме заради минатото и заради одамна исчезнатите луѓе, туку заради нашата сегашност и иднина, заради објаснување на денешниот свет со искуството од вчера, како поука, сознание и алтернатива за дејствување.

Историјата е нашиот корен, нашето колективно паметење, огромен резервоар на искуства од кој учиме, нашата свест за тоа кои сме и што сме. Според Советот на Европа „Историјата дава вредности, кои не можат да се добијат од ниту еден друг наставен предмет“.
За жал, со најновиот концепт на наставната програма за основно образование, со измешани научни области и тврдења дека е „фински“, а можеби и „марсовски“, се прави обид да се маргинализира историјата и да се избришат многу содржини.

Целта е јасна: новите генерации сосема да го изгубат македонскиот идентитет кој е ставен на распродажба со „добрососедските“ договори подржани од меѓународната.

Обиди за минимизирање на потребата од историјата беа присутни и пред неколку децении (воведување на Граѓанско општество и други еклектички содржини и предмети). Со моите постари колеги (Миновски, Пачемска, Аџиевски и др.) со години водевме битки за секој наставен час што се обидуваа да го скратат, за секоја наставна содржина. Многу мачни денови со жестоки расправии низ разни комисии, посети во министерства итн.

Смешно е и недолично да се споредуваме со некоја развиена западна земја и народ, кои не се изложени на негирање, на преименување и уценување и кои со љубов си го негуваат сопственото минато и традиции. Да немаш историја, значи дека немаш ни територија, дека немаш предци кои живееле на таа територија, создавале, граделе, се бореле. Значи си Јужен Финец, Марсовец, Јужен Србин или Западен Бугарин, но не си тоа што самиот се идентификуваш – Македонец.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This