дома Социјални Мрежи АЧКОСКА: Нajcтрашна cмpт е да пocтоиш избpишaн, без caмосвест, бeзимeн

АЧКОСКА: Нajcтрашна cмpт е да пocтоиш избpишaн, без caмосвест, бeзимeн

Историчарката Виолета Ачкоска на својот профил на Фејсбук се осврнува на, како што вели, духовниот геноцид врз Македонците.

„Триесет години нè обезличуваат со измама за влез во ЕУ. Изгубивме име, историја, идентитет. Дали ќе поминат уште 30 години (‘пристапни разговори’) додека исчезнеме, додека се заврши операцијата духовен геноцид врз Македонците? Балканските војни сè уште траат. Силно, жестоко е нападнато, одвнатре и однадвор, македонското ткиво. Сега не ги опожаруваат нашите села и градови, не ги убиваат и изнасилуваат македонските синови и ќерки, туку ни ја убиваат душата и човечката гордост. Тоа е најстрашната смрт. Да постоиш избришан, без самосвест, безимен. Дали се пропуштени шансите? Дали ќе има нов АСНОМ, зошто фашизмот е сè уште жив!? Историјата никогаш не била праволиниска. Пресврти се случувале кога најмалку се очекувало. Некогаш денот создава поголема епопеја од векот. Една голема надеж секогаш била во нас, нè држела да истраеме. Верувам дека ќе се најде МАЖ кој ќе ги поништи сите нелегитимни договори со кои се обезличи нашата татковина. 21 век бара таков Македонец.
МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА“, вели професорката Ачкоска.