дома Политика АЈДЕ КАКО МАЖ СО МАЖ ДА СЕ СООЧИМЕ: Мицкоски повторно го повика...

АЈДЕ КАКО МАЖ СО МАЖ ДА СЕ СООЧИМЕ: Мицкоски повторно го повика Заев на ТВ дуел!

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во говорот на денешниот протестен марш во Скопје повторно го повика премиерот Зоран Заев на ТВ дуел.

Мицкоски повтори дека останува на ставот, Заев да ја избере телевизијата, времето и местото каде сака да зборуваат отворено.

-И додека глумат сопатници, браќа и сестри, европејци и кога ќе ги повикаме како маж со маж да се соочиме пред вас и пред оние дома и пред македонската јавност и тие нека судат и пресудуваат и за жицата и за тендерите и за лагите и за предавствата и за капитулациите и за криминалот и за ветувањата кои што не се исполнети и за очекувањата кои што не се реализирани. Ќе речат не ние сега нема да полемизираме со опозицијата, зошто, затоа што ни е страв, ние сме јаки од внатре и со маските на глава, а да се покажеме никаде не нема. Бирај и место и водител и време, пред нова година јас и ти тет а тет да зборуваме отворено, му порача Мицкоски на Заев.