дома Македонија А КОЈ ОЧЕКУВА ОД ТАКИ ФИТИ ДА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ: Селото...

А КОЈ ОЧЕКУВА ОД ТАКИ ФИТИ ДА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ: Селото ќе изгори, МАНУ си сѐ чешлаат!

Продолжува незаинтересираноста на МАНУ и на претседателот на оваа институција Таки Фити кон прашања кои задираат во највисоките државни и национални интереси. Тие на денешниот состанок со премиерот Заев со ниту еден збор не се осврнале на темата договор со Бугарија и конкретна реакција на негаторските изјави упатени кон Македонија, како и за спорните најави за чествување на заедничка историја. Во дописот до медиумите што беше пратен од страна МАНУ јавноста беше информирана дека академијата е подготвена за соработка со Владата во сите области на науките и уметностите како и давање на експертска поддршка на патот кон евроатланските интеграции и развојот на државата, но во ова соопштение МАНУ нема искажано став по однос на прозивките на јавноста по однос на идентитетските прашања .

 

МАНУ е врвна научна институција која треба да се грижи за државните и национални интереси и таа мора да го оправда својот статус и да побара објаснување што е договорено, кој дел од учебниците по историја ќе се брише и дали македонската историја е посебна или заедничка со Бугарија. За МАНУ е недозволиво да не пројавува интерес за тоа какви остапки прифатил Зоран Заев во договорот со Софија кој треба да се потпише за помалку од 4 недели на најголемиот македонски празник Илинден. Исто така МАНУ како институција која се грижи не може да си дозволи да нема никаква информација кое она прашање кое треба да се реши само со едно пиење на кафе.

Дали ваквото молчење од страна на МАНУ е предизвикано од тврдењата на Божидар Димитров за бугарската телевизија БТВ дека ако МАНУ регира на промена на учебниците тогаш Заев ќе ги избрка сите од работа. На прашањето на водителот: “Сметате ли дека воопшто е возможно? Да се променат учебниците. Двата услови кои се“.

Димитров рече: – Можам да кажам дека немаат доволно кадри. Ќе ти кажам еден убав симптом, минатите денови бев вклучен во една македонска телевизија да кажам пет – шест збора ново, при едно јавно предавање и разговорот пред јас да се вклучам, разбрав дека МАНУ се откажала да се изјасни против потпишувањето на тие точки од договорот.

„Тоа се луѓе кои сакаат да живеат и да примаат плати. Знаат дека Зоран Заев ќе ги избрка од работа сите, ако тргнат против него. Затоа велат да. Тоа се луѓе- ќе ми дадеш пари ќе се пишам Бугарин, тоа е многу старо“, заклучува Димитров.

 

МАНУ и академиците наместо премолчено и преќутно да бидат соучесници на Зоран Заев се најповикани да учествуваат или барем да кажат став за заштитата на македонскиот идентитет, јазик, историја и култура.

Обврска на Академиците е да заземат став и да ги штитат националните и државните интереси. Исто така тие треба да ги инфомираат сите граѓани на Македонија за ризиците и опасностите кои произлегуваат од договорот со Бугарија.

И ВМРО-ДПМНЕ се јави со свој став околу ваквиот развој на настаните. Според најголемата партија МАНУ треба да има став без притоа да не се плаши некој од академиците дека Заев ќе го избрка од работа како што вели Димитров. Го повикуваме МАНУ како врвна научна институција која е задолжена за проучување и штитење на македонскиот идентитет, јазик и култура да ни се придружи во барањето до Заев, тој јавно да и каже на јавноста што договарал во Софија.

ВМРО-ДПМНЕ повторува дека се залага и ќе се залага за добрососедски односи со Бугарија и со сите наши соседи, но базирани на взаемно почитување и одговорност, без притоа да биде загрозена македонската држава, народ, култура, историја и јазик.