Баба освоила лото од половина милион евра, сопственикот на продавницата ѝ го украл лозот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Секој сака да освои пари на лотарија, бидејќи изгледа како лесно решение за многу животни проблеми. Но, еден Италијанец малку се занел. Имено, тој го украл добитното ливче од една баба и се обидел да побегне од земјата – и тоа на скутер!

Граничната полиција на главниот римски аеродром го уапсила сопственикот на продавницата во Неапол кој е осомничен дека побегнал со добитното ливче на својата муштерика, и со тоа го спречила да избега со летот за Канарските острови, пишува „Гардијан“.

Човекот не ја освоил наградата вредна половина милион евра, но затоа имал авионски билет за Фуертевентура, пренесува „Вечерњи лист“.

Постарата госпоѓа купила две ливчиња, кои ги изгребала, од кои едното било добитно и го замолила вработениот во киоскот да го провери лото ливчето, коешто ѝ ја донело главната награда.

Вработениот потоа му го предал лозот на еден од сопствениците на продавницата, но тој го задржал добитното ливче и избегал со својот скутер.

Италијанската даночна управа, под чија јурисдикција е лотаријата, ги блокирала сите лото ливчиња што ги добила продавницата со цел да го спречи секој што ќе ја бара добивката. Истражителите сѐ уште трагаат по исчезнатиот лото билет.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This