дома Македонија БАДИЈАЛА СКЕНИРАЊЕ: Апликацијата застарена, морате да инсталирате нова

БАДИЈАЛА СКЕНИРАЊЕ: Апликацијата застарена, морате да инсталирате нова

Нецел месец откако започна проектот МојДДВ, за поврат на 15 отсто од данокот за додадена вредност од секоја сметка, граѓаните добија известување дека за да можат да скенираат сметки ќе мора да ја ажурираат апликацијата. Под известувањето пишува: За да продолжите мора да ја ажурирате апликацијата!

Обновата на апликацијата бара инсталирање одново, а не ажурирање врз постојаната, бидејќи при повторното логирање потребно е да се внесе корисничкото име и лозинката.

Она што е новитет во новата верзија е рамката во која треба да се насочи камерата, за да се скенира фискалната сметка. Може да се одбере тип на баркод скенер и тоа основен и напреден. Останатото е исто како во првичната апликација.

Сепак граѓаните се збунети и се прашуваат, зошто треба да се ажурира апликација која во функција беше помалку од еден месец? Зарем таа верзија застаре за толку кратко време, или не функционираше како што треба, па беше потребна нова, посовремена верзија на истата? Во рамки на овие дилеми логично се поставува и прашањето дали нешто се премолчува во врска со овој проект и дали претходно скенираните сметки се легнати на контото на корисниците, или се бришат?

Одговор на сите овие прашања побаравме во Упрвата за јавни приходи, но оттаму досега не добивме одговор.

Сепак одговорите на прашањата на Република, испратени од вчера изутрина, ги најдовме во други медиуми.

Апликацијата ‘Мој ДДВ’, како и секоја друга апликација, подлежи на промени. Бидејќи при користење на апликацијата корисниците нередовно ги преземаат новите верзии, Управата за јавни приходи на корисниците им испрати порака со насоки за ажурирање на новата подобрена верзија. Земајќи ги предвид сугестиите на корисниците, во новата верзија има технички унапредувања во однос на скенирањето на фискалните сметки – изјавиле оттаму потенцирајќи дека системот „Мој ДДВ“ непречено функционира и ажурирањето на апликацијата не влијае на фискалните сметки што граѓаните досега ги скенирале.

Сепак простор за сомневање кај граѓаните има.