дома Занимливости Бадникова трпеза во домот на Тања и Новица Василевски – пејачката откри...

Бадникова трпеза во домот на Тања и Новица Василевски – пејачката откри кој ја научил да меси лепче

Фолк-пејачите Новица Василевски и Тања Лазревска веќе долги години живеат и работат во Австралија.

Како и сите Македонци, така и тие вчера кршеа лепче за Бадник.

Пејачката објави фотографии од процесот на подготовка на трпезата и месењето лепче во нејзината кујна и откри дека научила да меси од нејзината мајка.

Семејството сподели и фотографии од нивната вечера на кои се гледа дека паричката падна кај нивниот помал син Стефан.

„Нека Бадниковата вечер избрише се што треба да се заборави, а Божиќното утро нека осветли подарок исполнет од здравје, среќа, мир и љубов…“, напиша Тања во опис на фотографиите.