дома Македонија Бадниковото гранче го симболизира животот – имајте го на домашната трпеза

Бадниковото гранче го симболизира животот – имајте го на домашната трпеза

За Бадник традиционално трпезата во домот се украсува со бадниково гранче.
Стара традиција е да се става бадниково гранче на Бадниковата односно Божиќната трпеза затоа што ова гранче симболизира здравје, живот и вечната среќа.
За Бадник традиционално домот се украсува со бадниково гранче. Неизбежниот симбол на Бадник го симболизира здравјето, го слави животот и вечната среќа. Бадниковото гранче уште се нарекува дрво на животот, исто како она дрво на животот во рајот што симболично дава вечност.

поред народните верувања, токму со ова дрво праведниот Јосиф запалил оган за да го затопли штотуку родениот Исус и неговата мајка Марија.

Бадниковотто гранче се чува во текот на годината и наредната година ден пред Баднк, на Коледе во традиционалниот Коледарски оган се гори со цел да го зачува здравјето на целото семејство.