дома Балкан Балканот на штрек: Предупредување за опасност од поплави во регионов

Балканот на штрек: Предупредување за опасност од поплави во регионов

Сите служби на Босна и Херцеговина задолжени за заштита и спасување од денеска се ставени во состојба на зголемена готовност, поради опасност следната недела земјата да биде зафатена од поплави, кога се очекуваат поројни дождови, соопшти денеска босанското Министерство за безбедност.

Агенцијата за водното подрачје на реката Сава предупреди дека е можно следната недела да дојде до зголемување на водостојот на поголемиот дел на реките во БиХ, а пред се на Уна, Сана и Босна и нивните притоки.

-Врвот на водниот бран на реката Уна се очекува в понеделник на 13 мај, а на реките Сана и Босна во вторник, се наведува во соопштението.

Агенцијата ги повика жителите и раководствата на компаниите да преземат мерки за намалување на штетите доколку дојде до излевање на реките.

Босанските метеоролози предупредија дека БиХ ќе биде зафатена од поројни дождови во периодот од 12 до 17 мај.

Во, исто време, и српските метеоролози најавија поројни дождови во Србија за следната седмица, почнувајќи од недела вечер.