дома Балкан Балканот не мирува: Секојдневни зeмјотреси во Србија, регистрирани потрeси и во Македонија,...

Балканот не мирува: Секојдневни зeмјотреси во Србија, регистрирани потрeси и во Македонија, Бугарија, Албанија и Грција

Почнувајќи од 28-ми октомври до 4-ти ноември попладне, инструментите на Републичкиот сеизмолошки завод на Србија регистрирале осум земјотреси чии епицентри биле на територијата на Србија, а чија магнитуда според Рихтеровата скала била преку еден степен.

Серијата започнала минатиот четврток во раните утрински часови кога бил забележан поблаг потрес од 1,6 степени во подрачјето на Брус, а неколку часа подоцна земјиштето заиграло и на територијата на Крушевац, каде бил измерен земјотрес со јачина од 1,7 степени. Овие земјотреси никој не ги почувствувал.

Во саботата се тресел Младеновац, а магнитудата на Рихтеровата скала, според официјалните податоци на Републичкиот сеизмолошки завод на Србија, достигнала 2,7. Потоа три пати се тресел Крагуевац, најпрво во вторникот кога сеизмолозите забележале потрес со јачина од 1,6 степени. Наредната вечер внела немир меѓу жителите на Крагуевац, кога овој град го тресел земјотрес од 3.9 според Рихтер, а веќе наредното утро бил забележан земјотрес со јачина од 1.9 степени. Исто така во среда наутро бил регистриран нов земјотрес со епицентар во Младенова, овој пат со јачина од 1.6 степени.

Дека земјиштето на кое лежи Шумадија не се смирува покажал и денешниот ден – повторно во Крагуевац се почувствувал земјотрес, овој пат со јачина од 2 според Рихтеровата скала. Тоа било утрово, а веќе во раните попладневни часови се тресело и под Копаоник. Епицентарот на овој земјотрес бил во Блажево на територијата на Куршумлија.

Не се тресе земјиштето само во Србија, туку и во целиот регион. Уредите во Сеизмолошкиот завод од 1-ви ноември регистрирале уште 15 земјотреси чии епицентри биле во Македонија, Бугарија, Албанија, Хрватска, Италија и Грција. Земјотрес со јачина од 3.3 според Рихтеровата скала утрово е регистриран на Родос, а пред тоа и 23 километри југозападно од Тирана, каде биле измерени 3.5 степени според Рихтер.