дома Економија Банките koнтра Народна банка: Не ја исклучуваат можноста пред Уставен cyд да...

Банките koнтра Народна банка: Не ја исклучуваат можноста пред Уставен cyд да ја оспopaт зaбрaната за делење дивиденди

Незадоволни од времената забрана за делење дивиденди, банките не ја исклучуваат можноста да поднесат иницијатива пред Уставниот Суд за одлуката на Народна Банка. Иако се работи за привремена забрана, банките се затечени, бидејќи и покрај кризата тие лани остварија профити. Дел од нив веќе закажале Акционерски собранија, на кои треба да се расправа за распределбата на дивидендите.

“Материјалите за Собранието на акционери на Комерцијална банка АД Скопје се усвоени од Надзорниот одбор на Банката и, согласно законските прописи, се објавени во јавност пред Одлуката на Советот на НБРСМ. Очекуваме дека по однос на Одлуката на Советот на НБРСМ, Македонската банкарска асоцијација ќе изгради соодветен став, вклучувајќи и можност да се поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на оваа Одлука”, велат од Комерцијална банка АД Скопје.

Поради пандемијата Народната банка донесе времена мерка со која забранува исплата на дивиденда на акционери во банки и штедилници. Мерката ќе важи до крајот на годината, но ако има позитивни сигнали на пазарот можно е да се укине до крајот на септември.

„Најновите показатели потврдуваат дека банкарскиот систем успешно ја одржува својата стабилност, при што кредитите и натаму растат, а капиталните позиции на банките се стабилни. Сепак, неизвесноста од корона-кризата сè уште трае. Поради тоа, со Одлуката донесена на денешната седница, којашто е времена мерка, се делува превентивно, за натамошно зголемување на отпорноста на банкарскиот систем и одржување на стабилноста, во услови на неизвесност околу понатамошниот тек на здравствената криза“, стои во соопштението од НБРМ.

На денешното тргување на Македонска берза паднаа цените на акциите на речиси сите банки.

Инаку, покрај одлуката од Народна банка, препорака за неисплаќање дивиденда стигна и од Агенцијата за супервизија на осигурување. Испратена е до сите осигурителни компании во земјава, а причина биле намалените приходи остварени во текот на минатата година