дома Свет Барак Обама се вработи во „Нетфликс“

Барак Обама се вработи во „Нетфликс“

Поранешниот претседател на САД Барак Обама потпиша повеќегодишен договор за работа со компанијата Нетфликс.

Обама и неговата сопруга Мишел имаат можност да бидат продуценти на документарни филмови и серии.

– Барак и јас отсекогаш верувавме во моќта на една раскажана приказна која инспирира, рече Мишел.

Обама ја основаше и продукциската компанија Хајер гранд продакшн, а на своите соработници им кажал дека не планира да води кампања против неговиот наследник Доналд Трамп.