дома Занимливости Барал 5.000 евра од водителката Мелита – ја уценувал дека ќе објави...

Барал 5.000 евра од водителката Мелита – ја уценувал дека ќе објави компромитирачки слики и видеа

Екс водителката Мелита Ракичевиќ била уценувана од момче од Струга, кој го злоупотребил нивното пријателство, па работата дошла до таму што морала да го пријави во полиција. ММС ја контактираше Ракичевиќ, која потврдила дека извесно време била уценувана и дека морала да се обрати во полиција.

– Да вистина е и ќе го тужам затоа што ме малтретираше мене и целото мое семејство. Се дружеше со нас, а сега за да не објавил наши приватни разговори и фотографии ми бара пари. Почна со сума од 2.000 евра па стаса до околу 5.000 евра, потврди Мелита за ММС.

– Поседува приватни разговори и некои слики од по дома. Па тој година дена ни се правеше семеен пријател, ни доаѓаше дома на гости, а јас нема да се шминкам и дотерувам кога сум по дома. А тој тајно снимал се, секој разговор, додала Мелита.

Случајот со уценување на Мелита го потврди и МВР.

– СВР Скопје поднесе кривична пријава против Г.К.(36) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“. Во јуни 2020 година во Охрид пријавениот се запознал со М.Р., по што интензивно комуницирале на пријателска база и тој цело време тајно ја фотографирал и ги снимал сите меѓусебни телефонски разговори. Откако таа му укажала дека помеѓу нив има само пријателство, тој започнал да ја уценува и ѝ се заканувал дека ќе објави нејзини фотографии со компромитирачка содржина доколку не му даде пари со цел да ги наруши нејзините чест и углед, велат од МВР.