дома Македонија БАРА ПОМОШ ОД ИНСТИТУЦИИТЕ: Таткото на исчезнатиот Аслани бара средна со Чулев

БАРА ПОМОШ ОД ИНСТИТУЦИИТЕ: Таткото на исчезнатиот Аслани бара средна со Чулев

Таткото на исчезнатиот Арбен Аслани бара средба со техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев. Бекир Аслани вели дека и покрај тоа што помина една година од исчезнувањето на неговиот син, се уште нема информации поврзани со исчезнувањето.

Тој денеска пред Собранието рече дека размислува за протести секој 23-ти во месецот. Досега има остварено средби со Оливер Спасовски, Агим Нухиу и Зоран Заев, кои ветиле дека ќе се заложат за расветлување на случајот, но без резултати. Арбен Аслани е исчезнат лани на денешен ден. Тој последен пат е виден како влегува во нечие возило. Таткото на Аслани минатата година веќе еднаш јавно го повика Министерството за внатрешни работи да го разреши случајот со неговиот син.