дома Спорт Барселона го доби дербито со Атлетико

Барселона го доби дербито со Атлетико

ранителот на трофејот во шпанскиот фудбалски шампионат, тимот на Барселона, синоќа забележа победа над Атлетико Мадрид на гостински терен со 1:0 на дерби дуелот од 15. коло.

Стрелец на победничкиот гол за Каталонците беше Лионел Меси во 86.минута.

Со новите три бода, Барселона се изедначи на врвот на табелата со реал Мадрид со по 31 бод.

Атлетико Мадрид остана на 25 бода и сега е шести на табелата. Пред него се уште и Атлетик Билбао и Реал Сосиедад со по 26 бода и Севиља со 30.