дома Спорт БАРСЕЛОНА СЕРИОЗНО ГО ПОСАКУВА НЕЈМАР НАЗАД: Барса ги нуди Кутињо, Ракитиќ и...

БАРСЕЛОНА СЕРИОЗНО ГО ПОСАКУВА НЕЈМАР НАЗАД: Барса ги нуди Кутињо, Ракитиќ и Дембеле во замена за Нејмар

Барселона и ПСЖ се на повидок да направат голема трампа, со која Нејмар би се вратил повторно на „Камп Ноу“. Според информациите, Барса е подготвена да испрати тројца фудбалери во Париз, за да го земе повторно во своите редови бразилскиот интернационалец.

Најверојатно во Париз би се преселиле Иван Ракитиќ, Усман Дембеле и Филипе Кутињо, за Нејмар одново да стане дел од каталонскиот тим.

За Нејмар се интересира и Реал Мадрид, но засега големи шанси и се даваат на Барселона. Доколку не успее оваа трампа, тогаш Барселона е подготвена да даде пари, само да го види Нејмар повторно во каталонскиот тим.