дома Македонија БАШ ДЕНЕС ИМ ТЕКНА: Блокиран патниот правец за да се спречат опозиционерите...

БАШ ДЕНЕС ИМ ТЕКНА: Блокиран патниот правец за да се спречат опозиционерите да дојдат на протест во Скопје?

Токму денес, кога во Скопје се одржува голем протест, патиштата се блокирани.

На патот Кочани-Македонска Каменица има повеќе блокади од работа на пат.

Возилата се движат бавно и со пречки, а на одредени места воопшто не може да се помине.

Работа на пат немаше до вчера, а чудно е што воопшто постојат овие блокади баш за време на викенд.

Читателите кои ни ги испратија овие материјали велат дека никогаш до сега немало на волку места блокирани делови и места каде наводно се работи. Затоа обвинуваат дека единствена логична причина за ова е да се попречат луѓето од овие градови да дојдат на протест.