дома Балкан Бајден ги најави своите планови за Балканот

Бајден ги најави своите планови за Балканот

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден порача дека Дејтонскиот договор донесе мир во БиХ, го реафирмира нејзиниот суверенитет, територијален интегритет и независност, но и дека 25 години подоцна не е целосно завршена работата, како што наведува, по прашањето за правда, помирување, како и движењата на функционално мултиетничка БиХ.


– Видовме како национализмот го победува државниот интерес со богатење на неколкумина, а не со спроведување на реформи во корист на мнозинството, истакна Бајден, порачувајќи дека „годишнината е можност за сите страни да размислат за подобра иднина и повторно да се обврзат на тешки, но и нужни чекори за изградба на целосно функционална БиХ за сите нејзини граѓани“.

Тој нагласи дека како претседател очекува „соработка со меѓународната заедница и граѓаните на БиХ, со цел конечно да се постигне ветувањето од Дејтонскиот договор, како што е просперитетна, но и демократска БиХ во срцето на Европа – целосна, слободна и мирна“.

– На овој ден ги одбележување напорите на миротворците, иако истовремено жалиме за изгубените 100.000 животи и над еден милион раселени лица, додаде Бајден по повод 25-годишнината од потпишувањето на Дејтонскиот договор, кој, според него, означи крај на еден од најлошите конфликти на европскиот континент по Втората светска војна.