дома Свет Бајден го нoминиpa cyдиjaтa Мерик Гарланд за дpжaвeн o6винитeл

Бајден го нoминиpa cyдиjaтa Мерик Гарланд за дpжaвeн o6винитeл

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден денеска го номинираше судијата на Федералниот апелациски суд Мерик Гарланд за државен обвинител.

Бајден истакна дека Гарланд и тројца други адвокати кои ги избра за високи позиции во Министерството за правда „ќе ја вратат независноста на судството и довербата во владеењето на правото“.

Гарланд своевремено беше кандидат на Барак Обама за Врховниот суд, а во моментов работи како судија на Апелацискиот суд во дистриктот Колумбија.

Обама го номинираше за Врховниот суд додека Бајден беше потпретседател, но американскиот Сенат под контрола на републиканците одби да одржи сослушувања за номинацијата.