Бајден и Макрон вo cлeдните денови тeлeфонски ќе paзгoвораат за пoдмopничкaтa kpизa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Портпаролот на француската Влада, Габриел Атал, изјави американскиот претседател Џо Бајден побарал да има телефонски разговор со францускиот претседател, Емануел Макрон, откако Франција го отповика својот амбасадор во САД заради

Атал за БФМТВ уверува дека телефонската врска двајцата претседатели е закажана „за следните денови“, на барање на американскиот претседател, за да разговара за кризата на австралиските подморници.

-Влогот е повеќе стратешки отколку комерцијален, уверува портпаролот.

Макрон ќе бара појаснување. „Сакаме објаснувања за тоа што изгледа како голема повреда на довербата“.

Портпаролот зборуваше и за „моментот на шок и  легитимен гнев“, но уверува дека владата сега сака „да најде начин за да оди напред со партнерите“.

-Без доверба, тоа не функционира, потсети тој.

Франција во петокот ги отповика своите амбасадори во САД и Австралија, што е одлука без преседан меѓу овие два историски сојузници. Франција ги обвинува САД дека торпедирале профитабилен договор за француската поморска индустрија, кој предвидувал изградба на 12 конвенционални подморници во Австралија. Но, Канбера на крајот претпочита договор со САД и Велика Британија, обезбедувајќи си подморници со нуклеарен погон.

„торпедирањето“ од страна на Вашингтон на договорот за изградба на француски подморници за Австралија, јави дописникот на МИА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This