дома Свет Бајден и Путин би мoжeлe дa ce cpeтнaт лeтocкa вo Европа

Бајден и Путин би мoжeлe дa ce cpeтнaт лeтocкa вo Европа

Американскиот претседател Џо Бајден објави дека му предложил на неговиот руски колега Владимир Путин да одржат состанок летово во Европа.

-Кога разговарав со претседателот Путин, истакнав дека верувам дека директната комуникација помеѓу нас двајца е неопходна за напредок кон поефикасен однос. И тој се согласи со тоа, нагласи синоќа Бајден, коментирајќи ја американската политика кон Русија.

Тој рече дека предложил да се сретнат лично на самит во Европа ова лето, „со цел да се справат со голем број прашања со кои се соочуваат двете држави“.

Бајден го опиша разговорот со Путин како „искрен и полн со почит“.