дома Свет Бајден по разговорот со Путин ќе се консултира со европските сојузници

Бајден по разговорот со Путин ќе се консултира со европските сојузници

Американскиот претседател Џозеф Бајден ќе разговара за исходот од денешниот руско-американски видео-самит со францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка Ангела Меркел, италијанскиот премиер Марио Драги и британскиот премиер Борис Џонсон, соопшти Белата куќа.

Лидерите на Велика Британија, Италија, САД, Франција и Германија изразија загриженост на состанокот во понеделникот поради наводната поостра руска реторика кон Украина и ја повикаа Русија да ги деескалира тензиите и се согласија дека дипломатијата, особено во рамките на „Нормандискиот формат“ (Германија, Русија, Украина и Франција), е единствен начин за решавање на конфликтот во Донбас со спроведување на договорот од Минск.

„На вчерашната средба лидерите се согласија да останат во близок контакт во однос на координиран и сеопфатен пристап како одговор на зајакнувањето на руските трупи на границите на Украина“ се наведува во соопштението, кое го пренесе агенцијата „Тасс“.

Американскиот и рускиот претседател Џозеф Бајден и Владимир Путин денеска одржаа видеоконференција која траеше нешто повеќе од два часа, а на која разговараа за Украина и за други спорови во американско-руските односи.