Бајден уште прв ден „ќе скине“ претходни наредби на Трамп

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новоизбраниот претседател на САД eо Бајден денес, веднаш по преземањето на функцијата, ќе потпише неколку извршни декрети со кои ќе се поништат претходните одлуки на претседателот во заминување Доналд Трамп.

Според тимот на Бајден, новиот претседател ќе потпише 15 укази, од кои најважни се суспендирањето на повлекувањето на Соединетите држави од Светската здравствена организација и повторното пристапување кон Парискиот климатски договор, пренесуваат медиумите.

Првите потези на Бајден вклучуваат обврска за носење маски во државните објекти, како и за државните службеници, а се планира и указ за формирање нова канцеларија во Белата куќа за борба против вирусот корона, објави идниот секретар за печатот enен Псаки. Најавено е дека ќе ја поништи одлуката на Трамп за забрана за патување во САД за државјани на повеќе муслимански земји, како и забрана за ангажирање на трансродови лица во армијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This