дома Свет Бајден ja зaдoлжи Камала Харис зa мигpaнтcкaтa kpизa нa гpaницaтa co Мексико

Бајден ja зaдoлжи Камала Харис зa мигpaнтcкaтa kpизa нa гpaницaтa co Мексико

Американскиот претседател Џо Бајден ја задолжи својата заменичка Камала Харис да управува со чувствителното прашање за приливот на мигранти на границата меѓу САД и Мексико.

-Ви доверувам тешка задача, и рече тој на состанокот во Белата куќа.

-Таа се согласи да го води тој дипломатски проблем“, додаде Бајден, осврнувајќи се на разговорите со Мексико, Салвадор, Гватемала и Хондурас, земјите од кои доаѓаат повеќето мигранти.

-Оваа ситуација е вистински предизвик, одговори Харис.

Тоа е првиот предмет што Бајден и го довери.

Делегација на Конгресот и претставници на Белата куќа денеска треба да заминат на границата со Мексико, во прифатниот центар во Тексас, соопшти Белата куќа, која републиканците ја обвинуваат дека одбива да ги преземе сите кризни мерки на јужната граница, особено во врска со доаѓањето на многу малолетници без придружба.