дома Македонија БАЈРАМ: Не знам дали ќе победам, ама знам дека Кока Колата ја...

БАЈРАМ: Не знам дали ќе победам, ама знам дека Кока Колата ја пијат сите

Централниот одбор на Сојузот на ромите на вчерашната седница донел одлука да го кандидира својот лидер, Амди Бајрам, за претседател.

За „Фокус“ Бајрам вели дека ќе мора да ја прифати одлуката на партијата и да влезе во трката за претседател на државата.

-Се кандидирам за да победам, а дали ќе победам ќе каже народот. Јас само можам да кажам дека Кока Колата ја пијат сите граѓани – рече тој.