дома Хроника БЕГАЛА ОД КУЧИЊА СКИТНИЦИ, ПАДНАЛА ВО РЕКА: Телото на девојчето пронајдено во...

БЕГАЛА ОД КУЧИЊА СКИТНИЦИ, ПАДНАЛА ВО РЕКА: Телото на девојчето пронајдено во водите на Вардар во Гостивар

Девојчето кое што вечерва падна во водите на реката Вардар во Гостивар, е најдено без знаци на живот во близината на Балиндол, пишува „Гостиварпрес“.

Телото било пронајдено од страна на жители на селото, а било извлечено од страна на полициски служби. Лекарите констатирале смрт.

Се очекува на терен да излезе и Јавен Обвинител кој ќе изврши увид. Исто така се очекува од МВР повеќе детали околу овој случај.

Неофицијално девојчето бегало од глутница кучиња, при што паднало во водите во Вардар.