дома Балкан БЕГАЛЦИТЕ КРЕНАЛЕ БУНТ: Бегалците во северна Грција се кренале на бунт откако...

БЕГАЛЦИТЕ КРЕНАЛЕ БУНТ: Бегалците во северна Грција се кренале на бунт откако Сиријка настрадала во сообраќајка!

Судири избија меѓу мигрантитете и полицијата во близина на камп за бегалци во северна Грција, по автомобилската несреќа, во која беа прегазени Сиријка и нејзиното дете.


Мигрантите кренаа бунт, откако брзата помош повикана за да им помогне на прегазената жена и нејзиниот десетгодишен син, задоцнила и побарале од полицајците да ги одведат со полициско возило до болницата, но тие одбиле.

Мигрантите го блокираа патот надвор од кампот, фрлајќи со камења кон полицајците и запалија две патролни возила. Полицијата возвратила со солзавец.

Состојбата покрај кампот во Ореокастро веќе е нормализирана, а едно петгодишно дете е полесно повредено во судирите.

Во Грција има над 60 илјади мигранти, од кои повеќето Сиријци.