дома Европа БЕЗВИЗЕН РЕЖИМ ЗА БРИТАНЦИТЕ ВО ЕУ: Со или без успешен договор за...

БЕЗВИЗЕН РЕЖИМ ЗА БРИТАНЦИТЕ ВО ЕУ: Со или без успешен договор за Брегзит, Британците со безвизен режим кон земјите од ЕУ

Амбасадорите од ЕУ се согласија во петокот дека граѓаните на Велика Британија треба да добијат безвизен пристап до блокот, дури и во случај на брегзит без договор.

Предлогот на Европскиот совет ќе им даде на Британците безвизен пристап до шенген-зоната, која е составена од 26 европски земји, за патувања до 90 дена.

-Со оглед на географската близина, врската помеѓу економиите, нивото на трговијата и степенот на краткорочни движења на лица меѓу Велика Британија и Унијата за службени и лични цели, безвизното патување треба да ги олесни туризмот и економската активност овозможувајќи придобивки за Унијата-се наведува во предлогот.

Во изјавата во која го објаснува ваквиот чекор, Европскиот совет рече дека според правилата на ЕУ безвизен режим се одобрува под услов на реципроцитет.