Без бopба заземен Kабул, Талибанците чекаат мирен трансфер на власта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Талибанците денеска влегоа во предградијата на Кабул и велат дека чекаат „мирен трансфер“ на авганистанската престолнина, откако ветија дека нема да го заземат со сила. Според официјални извори, талибанските претставници преговараат со претседателот Ашраф Гани за предавање на власта, но тоа не кореспондира со веста дека претседателот Гани избегал кон Таџикистан.

Очевидци тврдат дека речиси немало никаков отпор кон напредувањето на Талибанците, кои им наредија на своите војници да се воздржат од насилство и да дозволат безбедно напуштање на градот за сите кои сакаат да заминат.

Талибанскиот портпарол за Ал Џезира во Катар изјави дека тие очекуваат мирен трансфер на Кабул, но одби да даде детали за евентуални преговори со владата.

Пред само неколку дена, американската војска процени дека на Талибанците ќе им треба еден месец пред да стигнат до Кабул. Американскиот претседател Џо Бајден ја брани одлуката за напуштање на Авганистан велејќи дека тој не може да оправда „бесконечно американско присуство“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This