дома Локално Без вода дел од општина Аеродром

Без вода дел од општина Аеродром

Поради уличен дефект денеска од 10 часот без вода ќе бидат дел од жителите на улицата „12-та Македонска бригада“ и улиците „Грамос“, „Илија Димовски„, „Митре Влаот“, „Буковиќ“, „Димитар Македонски“, „Гаврил Радомир“, „Блажо Орландиќ“ и „Кресна“.

Дефектот, како што соопшти Јп „Водовод и канализација“ е на улицата „Црноризец Храбар бр.14а“. Прекинот во водоснабдувањето ќе трае до санирање на дефектот.