дома Политика Без коментар: Вакцини на време нема затоа што нема процент од тендер...

Без коментар: Вакцини на време нема затоа што нема процент од тендер за нив?

Македонија нема да добие вакцини навреме ниту од Атина ниту од Софија, а за маркетиншки цели премиерот Зоран Заев денеска посочи дека договорил вакцини од Србија. Со тоа Заев потврдува дека ниту од Бугарија, ниту од Грција, Македонија нема да добие навреме вакцини, нема да добие вакцини од секоја пратка до Софија и до Атина, онака како што убедуваа со месеци – едноставно вакцини од таму НЕМА, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.

Тоа значи, повеќе од два месеци Заев и Филипче лажеа за обезбедени вакцини и за почеток на вакцинацијата. Бугарија и Грција се вакцинираат повеќе од 20 денови, во Албанија вакцинацијата започна минатата недела, Србија почна прва во регионот во декември, а Македонија се уште брои заразени, и за жал починати од корона! За вакцина нема ни В. Заев и Филипче убедуваа дека вкупната бројка на заразени нема да биде повеќе од 2.000 лица, за денес да има 89.000 вкупно заразени, со црна бројка од над 2.700 загубени животи поврзани со епидемијата. Само денеска 13 лица ја загубија борбата со пандемијата, потсети портпаролот Наум Стоилковски.

Се потврди тоа што предупредувавмесо недели, дека Владата и преку своите интернет гласила лаже и шири жани вести за вакцинацијата во Македонија, рече тој.

На ист принцип се однесуваат во текот на целата епидемија речиси цела година: кога сите се подготвуваа со тестери за корона – ние немавме; Сите создадоа систем за економска заштита од корона, ние „Блескавме“, еве го резултатот сега – најголема смртност во регионот поврзана со корона и држава во економска рецесија! И држава, која што нема абер за почнување на процес на вакцинација против короната. И за жал, ниту денес Заев и Филипче знаат кога точно ќе дојдат вакцините, ниту колку би дошле, ниту колкав број на вакцини се потребни во Македонија. Оваа неодговорност во најмала рака бара оставки, затоа што како одминува време, се погласно е прашањето дали не се набавија вакцините на време затоа што нема процент од тендер за нив, потенцира Стоилковски.