дома Македонија БЕЗ КОМЕНТАР: Македонија четврта по загаденост, а се укинуваат мерките за намалување...

БЕЗ КОМЕНТАР: Македонија четврта по загаденост, а се укинуваат мерките за намалување на загадувањето

Македонија утрово според светската страница за мерење на воздухот „Аирвижуал“ се наоѓа на четвртото место во светски рамки според загаденоста на воздухот. Нашата земја овие денови никако да се симне од првите 10 места од оваа топ листа на најзагадени земји и градови во светот.

Според резултатите ова утро во Скопје најзагадено е скопско лисиче со 248 ПМ 10 честички на метар кубен, потоа Миладиновци со 164 ПМ 10 честички на метар кубен, а потоа и ректоратот во Скопје со 101 ПМ 10 честички, најзагаден град во внатрешноста денеска повторно е Кавадарци, потоа следува Струмица и Велес.

Власта завчера доцна попладнето донесе и мерка за воведување на беспатен јавен превоз се со цел граѓаните да го користат за да се намали загадувањето во Скопје.

Сепак, и покрај тоа што мерките не беа ефикасни, Град Скопје денес од 12 часот ги укинуваа вонредните мерки меѓу кои сe и бесплатниот јавен превоз и поскапениот паркинг, како и интервентните препораки за намалување на загадувањето на воздухот што беа воведени на 27 јануари 2020 година, со најава дека овие мерки и препораки за намалување на загадувањето на воздухот ќе се воведат повторно доколку се повтори епизодата со загадувањето на воздухот, а за што граѓаните ќе бидат навреме информирани.

И јавноста логично по овие резултати се прашува дали навистина власта продава лажна политика и мерки кои служат само за манипулирање на јавноста.