дома Македонија Без коментар: 49 илјади плата за посебен советник без зaвршен факултет во...

Без коментар: 49 илјади плата за посебен советник без зaвршен факултет во Секретаријатот за европски прашања

Секретаријатот за европски прашања објави оглас за вработување на посебен советник на заменик претседателот на Владата на Македонија задолжен за задолжен за европски прашања.

Платата која ја нуди секретаријатот е вртоглави 49.000 денари, а кандидатот треба да поседува само тригодишно високо образование со 180 кредити.

Ова значи дека институцијата не бара ниту кандидатот да има завршено четири годишно образование и стекнување на 240 кредити.

Дали ова е уште еден доказ дека огласот е наместен за посебен советник во секретаријатот за европски прашања останува да видиме?

Сепак ова е уште еден доказ дека продолжува да се полни администрацијата и кабинетите во клучниот период за ЕУ интеграциите со нeспособни кадри.