Без струја утре дел од општините Кисела Вода, Чаир, Карпош и Студеничани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Без електрична енергија утре заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, ќе останат дел од корисниците во општините Кисела Вода, Чаир, Карпош и Студеничани.
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, соопшти дека без струја утре од 07:00 до 11:00 часот, ќе бидат корисниците од ул. Христо Татарчев бр. 7, 16, 18, 20 и 22, како и дел од ул. Вера Јоциќ и дел од ул. Тодор Паница, во општина Кисела Вода.
Од 07:00 до 15:30 часот, струја ќе немаат корисниците од дел од од ул. Кемал Ататурк, ул. Цветан Димов бр.139, 144, 147, 153 и 155 како и дел од улица Џон Кенеди, (зградите спроти Веро), во општина Чаир.
Во општина Карпош без електрична енергија од 08:30 до 11:30 часот, ќе бидат корисниците од дел од нас. Злокуќани., а од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од стопанските објекти во кругот на поранешната фабрика – Стаклара, во општина Кисела Вода.
Во општина Студеничани од 09:00 до 12:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул. 1 и ул. 3.
Корисниците од ул. Мишко Михајловски бр.12, 17 и 21 во општина Кисела Вода, без вода ќе бидат од 09:00 до 15:00 часот

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This