дома Свет БЕЛАТА КУЌА ПОТВРДИ: Самит со Ким Јонг Ун во Сингапур ќе се...

БЕЛАТА КУЌА ПОТВРДИ: Самит со Ким Јонг Ун во Сингапур ќе се одржи на 12-ти јуни

САД активно се подготвуваат за самитот со водачот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, кој ќе се одржи во Сингапур на 12-ти јуни, изјави портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс.

Американскиот тим во Сингапур работи на подготовка на сите логистички детали и ќе остане таму до состанокот, рече Сандерс.

Во исто време, САД продолжуваат да преговараат со севернокорејската делегација во демилитаризираната зона, рече таа, и оцени дека овие преговори беа исклучително позитивни.

“Првиот состанок ќе се одржи на 12 јуни во девет часот по локално време. Не можам да наведам дали во иднина ќе има дополнителни средби меѓу Доналд Трамп и Ким Јонг Ун. Овие состаноци ќе бидат планирани подоцна “, додаде Сандерс.