Белата куќа призна: САД не може да ја „заузда“ Русија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На брифингот зад затворени врати за сенаторите, заменик-државниот секретар на САД, Викторија Нуланд, призна дека способноста на американската администрација да спречи руска „инвазија“ во Украина е ограничена, и покрај острите санкции, пренесува Си-Ен-Ен.
„Нуланд наведе пакет остри санкции што американската администрација ги подготвува како одговор на потенцијалниот руски напад, но призна дека способноста на Соединетите Држави да ја запрат инвазијата е прилично ограничена“, објави Си-Ен-Ен, цитирајќи извор запознаен со брифинг.

Претходно, телевизијата Си-Ен-Ен објави дека американските власти размислуваат за воведување санкции кон Русија поради ситуацијата околу Украина. Новите санкции, наводно, ќе бидат насочени кон членовите блиски до рускиот претседател Владимир Путин, руските производители на енергија, а исто така се закануваат со можното исклучување на земјата од системот SWIFT (меѓународен меѓубанкарски систем за пренос на информации и плаќање). Според портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, Кремљ не гледа индиректна потврда од САД за можноста за воведување нови антируски санкции, за кои пишуваат медиумите.
Американските власти тврдат дека не ги разбираат намерите на Русија, која ја обвинуваат за концентрирање на голем број војници во близина на украинските граници. Русија, од своја страна, постојано ги отфрла обвинувањата на Украина и Западот за „агресивни дејствија“, нагласувајќи дека никому не се заканува и нема намера да нападне во ниту еден момент.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This