БЕЛГРАДСКА ,,ПОЛИТИКА“: Ѓорѓе Иванов не е човек со свиткана кичма

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Белградскиот тиражен весник, „Политика“ во текстот под наслов „Претседател со кичма“ пишува за политичката клима во земјава и улогата на Претседателот Иванов кој не потклекна под притисок на мегународниот фактор и остана со исправена кичма кога се во прашања највисоките државни и национални интереси.

ivanov-politika

Политика пишува дека Иванов од Заев бара да се откаже од „Тиранската платформа“ која албанските партии ДУИ и БЕСА му ја донеле како коалиционен мираз. Тие дополнително пишуваат дека Иванов смета дека албанските барања директно го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на државата.

-Не вредеше ниту доаѓањето на Федерика Могерини во Македонија, ниту јавниот притисок на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и на американскиот амбасадор Џес Бејли. Наместо да попушти, Иванов побарал од маѓународната заедница да ја осуди платформата донесена под диригентската палка на албанскиот премиер Еди Рама и во екот на политичката криза отиде во двонеделен пат за Азербејџан и Австралија, пишува Политика.

Весникот дополнително наведува дека Aлбанците со платформата меѓу другото бараат и Aлбанците да бидат конститутивен народ покрај македонскиот, во Уставот да се вметне албанскиот јазик како официјален јазик, промена на државните симболи, но и донесување на резолуција со која ќе се осуди геноцид над албанскиот народ во Македонија од 1912 – 1956 година. Што ги изнесе Мaкедонските граѓани на улица.

– За одбивањето да се сретне на 21 март со Јоханес Хан, кој заедно со тројца европратеници дојде во Скопје да подгурне формирање на Влада на чие чело би бил Заев , Иванов од медиумите го заработи епитетот – неуценет Претседател. Истиот ден на протестите во Скопје се собраа повеќе од 100.000 граѓани, грмеше: „ Ѓорѓе Иванов не е човек со свиткана кичма!“

Весникот пишува дека Иванов кога по втор пат беше избран за Претседател на Република Македонија му упати писмо на Барак Обама дека целта на Македонија е влез во ЕУ и НАТО.

Ваквиот напис во читаниот весник и портал предизвика бура од позитивни коментари на сметка на Иванов од неговите читатели од Србија и регинот.

Чести се коментарите дека Иванов е вистински Претседател на македонскиот народ и има исправена кичма.

Коментарите одат и во насока дека македонскиот народ е слободољубив народ и дека Македонците треба да покажат истрајност, тие пишуваат и дека Заев никогаш нема да има пак толкав број на гласови ако истапи со Тиранската платформа на избори како понуда пред граѓаните.

politika

kom

kom1

 

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This