дома Европа Белорусија е подготвена да распореди нykлеарно opyжје во случај на зakaна од...

Белорусија е подготвена да распореди нykлеарно opyжје во случај на зakaна од НАТО

Белорусија е подготвена да распореди нуклеарно оружје во случај на закана од НАТО, изјави денеска белорускиот министер за надворешни работи Владимир Макеј, пренесе белоруската новинска агенција Белта.

„Она што го рече претседателот Александар Лукашенко е дека ја разгледуваме можноста за распоредување нуклеарно оружје на белоруска територија како еден од можните одговори на идните акции на Северноатлантската алијанса на територијата на Полска“, рече Макеј. Претходно, Лукашенко изјави дека Белорусија и понудила на Москва да постави нуклеарно оружје на нејзина територија, доколку НАТО постави нуклеарно оружје во Полска.