дома Европа Белорусија ќе ја тyжи ЕУ и ќе бара оштeтa за зaгyбите поради...

Белорусија ќе ја тyжи ЕУ и ќе бара оштeтa за зaгyбите поради caнкциите

Белорускиот премиер Роман Головченко изјави денеска дека Белорусија ќе бара отштета пред судот за загубите предизвикани од санкциите воведени врз Минск по инцидентот со летот на Рајанер.

„Цврсто чувствуваме дека сме во право и подготвени сме да ги браниме нашите интереси на суд. Мислам дека ќе можеме да добиеме надомест за штетата што ни беше нанесена“, рече белорускиот премиер во интервју за ТВ Белорусија-1, пренесува ТАСС.

Европската унија од денес забрани летање на белоруски авиони над нејзиниот воздушен простор, како и пристап до аеродромите по присилното слетување на авионите на Рајанер.

Одлуката на Советот на Европската унија, која е прва официјална мерка на ЕУ по инцидентот со летот на Рајанер кон Минск, прецизираше дека забраната не важи за хуманитарни летови, како и за присилни слетувања и итни летови, пренесува Танјуг.

Авионот на „Рајанер“, кој летал од Атина за Вилнус, бил принуден да слета на аеродромот во Минск на 23 мај поради објавата дека е поставена бомба, што се покажа како лажна, а по тој повод новинарот и опозиционерот Роман Проташевич беше уапсен, наиде на осуда и критики од западните земји.