дома Магазин БЕЛУЧИ ЖЕШКА И ВО ШЕТСТАТА ДЕЦЕНИЈА: Стана црвенокоса, а со тоа се...

БЕЛУЧИ ЖЕШКА И ВО ШЕТСТАТА ДЕЦЕНИЈА: Стана црвенокоса, а со тоа се подмлади десет години

Моника Белучи, како што многумина велат, е една од најубавите жени на светот и иако е длабоко во шестата деценија, сепак изгледа совршено.

 

 

Неодамна ја исече косата, што беше нејзин заштитен знак, а повеќето се согласија дека по оваа промена е уште поубава.

Актерката присуствуваше на церемонијата на доделувањето на наградите на Филмскиот фестивал Лумиер во францускиот град Лион, а за црвениот тепих избра елегантна тоалета во винска нијанса и дискретно деколте.

 

 

Сепак, обожавателите на Моника беа најмногу изненадени од нејзината црвеникава, кратка коса, а повеќето коментираат дека Белучи изгледа 10 години помлада со својата нова фризура.